• понеделник, 23 декември 2024

Четкањето заби кај децата е битно од најрана возраст

Четкањето заби кај децата е битно од најрана возраст

Лос Анџелес, 20 март 2023 (МИА) - Родителите честопати имаат проблеми со миењето на забите на своите деца. И додека некои не сакаат ни да ја погледнат во четката, други без страв и проблеми почнуваат да ги четкаат своите заби - но неправилно, што со тек на времето може да доведе до кариес или расипување на забите.

Според стоматологот Кирби Гудвајн од САД, кој со години работи со деца, постојат начини на коишто родителите можат лесно и брзо да ги научат своите малечки да ги мијат забите правилно. А, првиот негов совет е - почнете да ги четкате забите на децата од најрана возраст.

- Малите деца ја немаат фината моторика потребна за делотворно четкање или чистење со конец. Иако не е еден од најзабавните начини да ги научите децата да ги мијат забите, четкањето со помош на родителот е неопходно уште во почетокот. Почнете да му ги четкате забите на бебето веднаш штом ќе никне првиот заб, секако - со помош на мека четка за заби наменета за доенчиња, објаснува стоматологот.

Може и да му говорите, објаснувајќи му гласно што правите. Тој разговор секако ќе ја изгради основата за детето да почне самостојно да си ги четка забите подоцна, штом ќе порасне.

Следниот совет на лекарот гласи - покажете им како правилно се мијат забите со свој пример пред нив и, повторно, подробно објаснете што правите и зошто... Но, сѐ тоа со оптимизам, позитивно и на забавен начин. Ентузијазмот е клучен зашто тоа ги буди мотивите кај едно дете за оралната хигиена.

Штом дете од предучилишна возраст ќе може правилно да држи четка, нека се обиде само да ги мие забите пред огледало. Повеќето деца најдобро учат со обиди. Но, сѐ уште треба надгледување. Огледалото секако ќе му помогне подобро да види што прави. Децата кои воопшто не ги мијат забите како мали, често имаат тешкотии да ја научат техниката како пораснати.  си/

Остани поврзан