• петок, 17 мај 2024

Четири лица загинаа во напад на израелско беспилотно летало врз возило во Сирија

Четири лица загинаа во напад на израелско беспилотно летало врз возило во Сирија

Дамаск, 8 декември 2023 (МИА) - Четири лица загинаа денеска во јужна Сирија кога израелско беспилотно летало удри во возило, објавија сириските медиуми.

Израел не го коментираше нападот со беспилотно летало.

Портпаролот на израелската влада Ајлон Леви денеска изјавил дека нападот на израелската армија врз неколку цели во Сирија е одговор на двете гранати истрелани во четвртокот од Сирија кон областите на Голанската висорамнина контролирани од израелски војници, пренесе Бета.

Дронот, како што пренесе Агенцијата, убил четворица борци на либанскиот Хезболах - сојузник на Сириската револуционерна гарда. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан