• недела, 22 декември 2024

Четири години по смртта на Џорџ Флојд се уште нема полициски реформи во САД

Четири години по смртта на Џорџ Флојд се уште нема полициски реформи во САД

Вашингтон, 25 мај 2024 (МИА) - Денеска се навршуваат четири години од смртта на Џорџ Флојд како последица на полициско насилство. Инцидентот што се случи во Минеаполис, сојузна држава Мичиген, предизвика невиден бран протести во САД и низ целиот свет при што милиони повикуваа на правда и запирање на насилството засновано на расна омраза. И покрај мноубројните масовни протести, Конгресот се уште е далеку од усвојување на бараните реформи во полицијата на сојузно ниво.

Неколку членови од семејството на Флојд неделава беа во Вашингтон во посета на Конгресот на средби со конгресната група за пријателство со црномурестите, а за подршка да се усвои нацрт законот за полиција наречен Правда за Џорџ Флојд.

Мерката поднесена од тексашката претставничка Шејла Џексон Ли ќе овозможи поригорозни реформи за одговор на полициските службени престапи и зајакнување на стандардите за одговорност во полицијата.

Кога Претставничкиот дом беше под контрола на демократите нацрт законот беше изгласан двапати, во 2020 и во 2021 година. Предлогот повикуваше на ограничување на квалификуваниот имунитет на службените лица, спречување расно профилирање и употреба на прекумерна сила. Но, не помина во Сенатот, по неуспехот во преговорите меѓу сенаторот Кори Букер, демократ од Њу Џерси и неговиот колега од Јужна Каролина, републиканецот Тим Скот, а по предлогот да се забрани давењето, налозите за апсење без чукање на врата и проширување на напорите за сојузно собирање податоци.

Флојд (46) беше усмртен откако Дерек Шовин, полицаец од Минеаполис, клечеше на неговиот врат повеќе од девет минути додека Флојд речиси без здив велеше „не можам да дишам“. Инцидентот, фатен на видео, предизвика глобални протести и срамнување на сметките на расна основа кои се случуваа во текот на беснеењето на пандемијата со коронавирус во 2020 година. Шовин беше обвинет и моментално служи казна затвор од 22 и пол години.

Братот на Флојд, Филонис, и неговата сопруга за „Си-би-ес њуз“ неделава изјавија дека тој се уште има кошмари за смртта на неговиот брат. кб/

Остани поврзан