• четврток, 25 април 2024

Четириесет и една санкција за автобуси што вршат превоз на ученици

Четириесет и една санкција за автобуси што вршат превоз на ученици

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) - Акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, беше спроведена во текот на вчерашниот ден, во периодот од шест до 16 часот на територијата на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При контролата констатирани биле 41 сообраќаен прекршок.

- Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома, продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин, сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, се нагласува во соопштението на Министерството. бд/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан