• понеделник, 23 декември 2024

Четворица обвинети за кражбата на сатиричниот златен тоалет посветен на Черчил

Четворица обвинети за кражбата на сатиричниот златен тоалет посветен на Черчил

Оксфорд, 9 ноември 2023 (МИА) - Неколку години по кражбата на ВЦ-школката од 18-каратно злато, од палатата Бленхајм во југоисточна Англија, денеска се обвинети четворица мажи.

Тоалетот именуван „Америка“, е дело на италијанскиот концептуален уметник Маурицио Кателан, а претставува сатира на прекумерното богатство. Проценет е на 4,8 милиони фунти (околу 5,56 милиони евра) и беше дел од уметничката инсталација во палатата во близина на Оксфорд, во местото каде што е роден поранешниот британски премиер Винстон Черчил. Оттаму ВЦ-школката беше украдена, во септември 2019 година - само неколку дена откако беше изложена.

Британската Кралска истражна служба објави дека го одобрила обвинението против четири мажи, на возраст меѓу 35 и 39 години, за кражба на тоалетот. Осомничените ќе се појават пред судот во Оксфорд на 28 ноември, соопштија обвинителите.

Украденото уметничко дело никогаш не е пронајдено.

Во врска со овие настани беа уапсени уште седум лица, но до денес, четири години по кражбата, не е покренато обвинение против нив.

Златната ВЦ-школка функционираше целосно како тоалет, а посетителите на првата изложба можеа да закажат дури три минути негово користење. И, бидејќи тоалетот бил поврзан со одводот на палатата, неговото отстранување предизвикало значителна штета и поплави во зградата од 18 век, којашто УНЕСКО ја има прогласено за светско наследство.си/сд/

Фото: Фејсбук

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан