• четврток, 09 мај 2024

Челзи ја одби размената на Лукаку за Влаховиќ

Челзи ја одби размената на Лукаку за Влаховиќ

Рим, 10 август 2023 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ нема да се пресели во Челзи, објави „Sky Sport Italia“.

 

Лондонските „Сини“ одбиле да го разменат напаѓачот Ромелу Лукаку за 23-годишниот Србин.

 

Во сезоната 2022/23, Влаховиќ забележа 42 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 голови и четири асистенции. Неговиот договор со Јувентус е до летото 2026 година.

 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан