• вторник, 19 ноември 2024

Чави: Одлуката да ја напуштам Барселона е конечна

Чави: Одлуката да ја напуштам Барселона е конечна

 

Барселона, 29 март 2024 (МИА) – Тренерот на Барселона, Чави, потврди денеска дека останува доследен на одлуката да ја напушти клупата на каталонскиот клуб.

„Благодарен сум на клубот и спортскиот директор Деко. Но, сега мојата одлука нема да се промени“, изјави Чави.

Чави претходно најави оставка како тренер на Барселона на крајот од сезоната 2023/24. Поранешниот легендарен фудбалер на Барселона седна на клупата во ноември 2021 година.

По 29 кола во Ла Лига, Барселона е на второто место со 64 бодови, осум помалку од лидерот Реал Мадрид. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан