• вторник, 14 мај 2024

Чави го пофали Рамос за настапот на натпреварот против Барселона

Чави го пофали Рамос за настапот на натпреварот против Барселона

Барселона, 30 септември 2023 (МИА) - Тренерот на Барселона, Чави, по победата над Севиља (1:0) синоќа во натпреварот од 8. коло на шпанското првенство, истакна дека дефанзивецот на Севиља, Серхио Рамос одиграл добра партија и покрај автоголот.

 

- Не сум го видел Рамос ниту сум разговарал со него. Тој е одличен дефанзивец и заслужува големо признание што игра на толку високо ниво на негова возраст. Тој е професионалец. Овој автогол е непријатен за него, но таков е живот, таков е фудбалот, истакна Чави.

 

По победата над Севиља, Каталонците се искачија на првото место во поредокот во Ла Лига со 20 бодови, пред Џирона (19 бода) и Реал Мадрид (18 бодови). зс/ 

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан