• петок, 12 јули 2024

ЦУК: Армискиот хеликоптер почна со гасење на пожарот на планината Серта, на локацијата се вклучени повеќе луѓе

ЦУК: Армискиот хеликоптер почна со гасење на пожарот на планината Серта,  на локацијата се вклучени повеќе луѓе

Неготино, 12 јули 2024 (МИА) - Армискиот хеликоптер започнува со дејство врз пожарот на планината Серта каде утрово од земја гаснат поголем број луѓе, информираа утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Доцна синоќа од ЦУК соопштија дека благодарение на вчерашната одлука на Владата, со која се надминал повеќемесечниот проблем со пилотите на авионите, околу 10 часот на армискиот хеликоптер ќе му се придружат и два или три Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот на планината Серта е од средата околу 10.30 часот. свд/хс/ 

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан