• четврток, 21 ноември 2024

Средба на претседателот на Собранието со раководството на МАТТО

Средба на претседателот на Собранието со раководството на МАТТО

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши остварил средба со претставници на раководството на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО), на која се разговарало за економската соработка и трговската размена меѓу двете пријателски земји, како и за можностите за олеснување на процедурите за привлекување повеќе турски инвеститори.

На средбата, соопшти денеска собраниската прес - служба, присуствувале претседателот на МАТТО Ајдован Адемоски, копретседателот Билал Суџубаши, заменик претседателите на Комората, Имер Селмани и Есер Џевахир и Шахпаз Молалиев, извршен директор.

Соговорниците размениле мислења околу можностите за понатамошна операционализација на Договорот за слободна трговија меѓу Република Северна Македонија и Република Туркије и на билатералниот Договор за соработка.

- Во таа насока е најавена и понатамошна координација, со цел создавање поповолни услови и надминување на административните пречки за динамизирање на економската соработка, како и на студентската размена. Беше истакнато дека Туркије е петта по ред држава со инвестиции во земјава, но дека капацитетите за соработка на ова поле се уште поголеми, со оглед на тоа што станува збор за традиционално пријателски држави, се наведува во соопштението од Собранието на РСМ. цр/бак/

Фото: Собрание на РСМ

Остани поврзан