ЦРТА: Изборната кампања во полоши услови од онаа во 2020 година
- Во пресрет на изборниот молк во Србија, кој почнува на полноќ, Центарот за истражување, транспарентност и одговороност (ЦРТА) соопшти дека институциите задолжени за спроведување на законот за
Белград, 31 март 2022 (МИА) – Во пресрет на изборниот молк во Србија, кој почнува на полноќ, Центарот за истражување, транспарентност и одговороност (ЦРТА) соопшти дека институциите задолжени за спроведување на законот за време на изборите не придонесле доволно и во Србија има изборна кампања, што се одвива во полоши услови од онаа во 2020 година, која е оценета како најлоша, јави дописникот на МИА од Белград.
-Не се влијаеше ниту се намали купувањето гласови и притисокот врз гласачите. ЦРТА нотираше дека застапеноста на владејачките партии во програмата на националните телевизии е намалено од 86 на 64 отсто, но термините се уште се во корист на владејачките партии. Она што ја одбележа оваа кампања е она што се случи во 2016 година, а тоа е фалсификувањето на изборните потписи. Вината е на Министерството за државна администрација затоа што тие ги контролираат списоците. Би повторил до граѓаните да гласаат и да го искористат своето право и да можат да гласаат иако не ги добиле гласачките ливчиња, изјави на прес конференција програмскиот директор на Црта, Раша Недељков.
Актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, доби најмногу медиумски простор на телевизиите со национална фреквенција.
- Целата кампања беше одбележана со притисоци врз гласачите, кои почнаа уште пред распишување на изборите. Тоа се претежно вработени во јавниот сектор, социјално загрозените и малцинските групи. Од повеќе извори и наводи забележавме дека има злоупотреба на информации за граѓаните, односно примери дека членови на ранливи групи беа целно таргетирани, изјави Тамара Бранковиќ од Црта.
Заклучокот е дека РИК работел според законите и дека има подобрувања во работата, кажаа од Црта и дека е констатирано ажурно и навремено известување на граѓаните, додавајќи дека доставиле 14 пријави до Антикорупциската комисија и дека Агенцијата навремено реагирала.
Донесени се шест решенија каде е констатирано дека се злоупотребени пари за финансирање на кампањата и во сите шест случаи тоа беше Српската напредна странка. До РЕМ биле доставени 11 пријави, но досега тие не реагирале за ниту една пријава. об/ми/