Црвениот крст привремено ги прекина операциите во Газа
- „Интензивирањето на воените операции во Газа го принуди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) привремено да ги прекине своите активности во својата канцеларија во Газа и да го премести својот персонал во канцеларии на југот од Појасот Газа, со цел да се обезбеди безбедноста на тимовите и континуитетот на операциите“, се наведува во соопштението.
Ерусалим, 1 октомври 2025 (МИА) - Црвениот крст денеска соопшти дека е принуден привремено да ги прекине своите активности во Газа поради интензивирањето на израелските воени операции.
Организацијата предупреди дека десетици илјади луѓе кои останале во градот се соочуваат со „страшни хуманитарни услови“.
„Интензивирањето на воените операции во Газа го принуди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) привремено да ги прекине своите активности во својата канцеларија во Газа и да го премести својот персонал во канцеларии на југот од Појасот Газа, со цел да се обезбеди безбедноста на тимовите и континуитетот на операциите“, се наведува во соопштението.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно денеска издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ, или ќе бидат „сметани за терористи“.сд/
фото:ЕПА