• петок, 22 ноември 2024

Црвениот крст апелира за итна помош од 115 милиони долари за Либан

Црвениот крст апелира за итна помош од 115 милиони долари за Либан

Бејрут, 5 ноември 2024 (МИА) - Црвениот крст денеска апелираше за итна помош во износ од 115 милиони долари за да се задоволат огромните потреби во Либан во услови на драматична ескалација на Израел во непријателствата насочени кон Хезболах.

Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) соопшти дека дала апел за 100 милиони швајцарски франци (115,8 милиони американски долари) за помош за итно и долгорочно олеснување на околу 600.000 луѓе погодени од конфликтот.

Парите, исто така, ќе одат за поддршка на виталните служби за брза помош што ги води Либанскиот Црвен крст (ЛРЦ) во земјата разурната од конфликтот.

- Хуманитарните потреби во Либан растат од ден на ден, изјави генералниот секретар на ИФРЦ, Јаган Чапагаин, кој моментално е во посета на Бејрут.

- Средствата собрани во овој апел ќе му овозможат на либанскиот Црвен крст да ги одржи своите програми за спасување животи и да допре до многу повеќе луѓе со многу попозитивно влијание, рече тој.

Апелот доаѓа откако Израел ги засили своите воздушни напади врз упориштата на Хезболах во јужен Либан, Бејрут и источната долина Бека на 23 септември. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан