• петок, 26 јули 2024

Циципас лесно до полуфиналето на Австралија опен

Циципас лесно до полуфиналето на Австралија опен
Мелбурн, 26 јануари 2022 (МИА) – Грчкиот тенисер Стефанос Циципас полеснио од очекувањата избори пласман во полуфиналето на Австралија опен. Циципас утрово на Грен слемот во Мелбурн, во четвртфиналето го совлада Италијанецот Јаник Синер со 3-0 (6:3, 6:4 и 6:2) по безмалку два часа игра. Циципас кој е четврти носител на турнирот, во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Данил Медведев (Русија) - Феликс Оже-Алијасим (Канада). Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Рафаел Надал (Шпанија) – Матео Беретини (Италија). зс/

Остани поврзан