• вторник, 14 мај 2024

Центарот за вработување Куманово задоволен од реализација на мерките и програмите за вработување

Центарот за вработување Куманово задоволен од реализација на мерките и програмите за вработување

Куманово, 10 јануари 2024 (МИА) - Сто осумдесет и шест кумановци лани отвориле сопствен бизнис преку програмата за самовработување. Ова мерка, според проценките на надлежните од Центарот за вработување Куманово била најатрактивна мерки за невработените изминатата година. Лани за мерката аплицирале 201 невработени кумановци. Младите невработени лица, 141 стекнале практични вештини преку практикантство. Интерес имало и за субвенционирање на плати, вклучени биле 61 фирми кои креирале 64 работни места. И невработените 44 и работодавците 39 субјекти ја користеле мерката раст на правни субјекти. За обуките најмногу интерес имало за ИТ вештини 168 лица, за побарувани занимања 33 имаат сертификати, за 20 обука на професионални возачи за Ц и Д категории.

- Планот предвидуваше и други мерки, креирање нови работни места преку зелени инвестиции, обуки кај познат работодавец, за стручни квалификации за потребите на работодавците. Програми за грижа каде влегува општинско-корисна работа 15 се вклучија во Куманово за образовни и лични асистенти, а во Липково се реализираше обука и мерка за услуги на грижа во заедница каде 15 невработени се вклучија во пружање услуги на стари лица со хронични болести, изјави раководителката на Центарот за вработување, Марија Димитријевска.

Центарот за вработување посредувал за вработување, изработувал и индивидуални програми.

- Вкупно 412 лица се вработени преку услугата. Посредуваме и за фабриките во ТИРЗ зоните кои не се под нашиот центар, но наша крајна цел е намалување на невработеноста. 1.331 невработен барале помош за сет услуги, профилирање, кариерни советувања, од нив 30 проценти се вработени. Тука е професионална ориентација 46 лица беа вклучени преку индивидуален пристап и повеќе од половина се веќе вработени, изјави Димитријевска.

Во Куманово невработени се 10.886 лица заклучно со крајот на ноември 2023. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан