• среда, 15 мај 2024

Наполи подготвен да му понуди голем договор на Конте

Наполи подготвен да му понуди голем договор на Конте

Неапол, 2 април 2024 (МИА) - Наполи е подготвен да му понуди на Антонио Конте договор со плата од осум милиони евра годишно за тој да се согласи да го води тимот, пренесува „Goal“.

Претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис верува дека италијанскиот стручњак е способен да ги врати наполитанците на водечка позиција во Серија А. Тој е исто така подготвен да му даде на Конте широки овластувања во управувањето со трансфер политиката на Наполи и да му дозволи да назначи нов спортски директор.

Последната работа на Конте беше во Тотенхем, кој го напушти во март 2023 година. Тој беше тренер и на Интер, Челзи, Јувентус, Аталанта и други тимови. Под негово водство клубот од Торино стана трикратен шампион на Италија.

Во моментов Наполи е на 8. место во поредокот во Серија А. Тимот на 30 натпревари има освоено 45 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан