• сабота, 27 јули 2024

Цвијановиќ: БиХ не може да оди кон ЕУ ако не ги исполни своите европски обврски

Цвијановиќ: БиХ не може да оди кон ЕУ ако не ги исполни своите европски обврски

Сараево, 1 март 2024 (МИА) - Српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ денеска изјави дека Босна и Херцеговина не може да се движи кон Европската Унија доколку самата не ги исполни своите европски обврски.

- БиХ не може да се движи кон ЕУ доколку не ги исполни своите европски обврски. Сите одлуки, вклучително и оние од доменот на евроинтеграциите, мора да ги носат исклучиво домашните институции, а не кој било странец, рече Цвијановиќ на панелот на Демократскиот форум во Анталија.

Таа додаде дека е важно „да се стави акцент на работите за кои има согласност меѓу сите народи“, а не да се продлабочува јазот со теми за кои однапред се знае дека нема консензус. ссм/

фото: архива

Остани поврзан