• четврток, 26 март 2026

Шимшек: Војната во Иран предизвикува инфлација и ризици по синџирите за снабдување

Шимшек: Војната во Иран предизвикува инфлација и ризици по синџирите за снабдување

Анкара, 17 март 2026 (МИА) – Актуелниот конфликт помеѓу САД, Израел и Иран ја загрозува глобалната економија со сериозна инфлација и ги нарушуваат синџирите за снабдување, предупреди турскиот министер за финансии и трезор Мехмет Шимшек.

Тој наведе дека војната се одвива во еден од најважните енергетски и трговски коридори во светот поради што е нарушен синџирот на снабдување.

- Доколку зголемувањето на цените на нафтата остане трајно, тоа би можело да има значително негативно влијание врз глобалната инфлација, наведе Шимшек, предупредувајќи оти долготрајната војна носи ризици од глобална инфлација, затегнати финансиски услови и потенцијална стагфлација.

Тој потенцира дека Турција презела низа мерки за ограничување на негативните последици врз турските пазари, одржувајќи ја берзата на само 5,5 проценти.

- Турција останува остров на стабилност, наведе Шимшек претставувајќи ја земјата како витална алтернатива за глобалните компании кои сакаат да ги диверзифицираат своите синџири на снабдување. ми/ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан