• петок, 22 ноември 2024

Цветин со изложба за УНИЦЕФ и по повод Декларацијата за човекови права

Цветин со изложба за УНИЦЕФ и по повод Декларацијата за човекови права

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Познатиот уметник и хуманист Живко А. Поповски – Цветин денеска организира изложба на Цвеќиња на мирот по повод 77 години постоење на УНИЦЕФ и 78 години од донесување на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации. 

На отворањето на изложбата во Кинотека говор ќе одржи  Јордан Плевнеш, поранешен амбасадор во Франција и УНЕСКО, а со музички нумери ќе настапат баритонот Борис Трајанов, кој воедно е и амбасадор на мирот на УНЕСКО, во пијано придружба на Дарко Мариновски, оперската пејачка Серафина Фантаузо и Драган Мијалковски.вј/мд/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан