Манасиевски: СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ, со молкот само ги потврдуваат нашите тези за нивната поврзаност
- СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Или да се изразиме подиректно, Башановиќ и Милјан Шчекиќ, преку официјалниот меил на СДС, не ја демантираат соработката со СДС, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција
24 март 2026
СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Или да се изразиме подиректно, Башановиќ и Милјан Шчекиќ, преку официјалниот меил на СДС, не ја демантираат соработката со СДС, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално.
СДС, Венко Филипче, Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ молчат, а со нивниот молк само ги потврдуваат нашите тези за нивната соработка.
Фалименто соопштенијата, неоснованите прес-конференции и клеветничките говори на СДС и на Филипче се доказ дека ПР тимот на СДС не им носи успех, туку само тонат се повеќе и повеќе.
Лошите ПР лекции кои Башановиќ и Шчекиќ им ги даваат на СДС и Филипче, ги прави да бидат неконкурентни на политичката сцена и ги прави да бидат неконструктивна опозиција.
Со ваквиот однос СДС ќе стане партија со под 100.000 гласови, а Венко Филипче ќе биде запаметен како човекот кој ја уништил СДС.
Ви благодарам.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=9sjZ-mbkvcQ
https://we.tl/t-oQvOJKLoHwzZQq7Q
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ