• сабота, 15 јуни 2024

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - Царински службеници на влез на Меѓународен аеродром Скопје спречија влез на 1,7 тони медикаменти, Силденафил Цитат Упс и Сибутрамин, коишто се штетни по здравјето на граѓаните. Лековите не се регистрирани во Агенција за лекови, а фирмата увозник немала ниту дозвола за промет на големо со медицински средства односно не е впишана во регистарот на правни лица за вршење на ваков вид дејност, соопшти Царинската управа.

- По вештачењето е утврдено дека медикаментите Сибутрамин е супстанца која се наоѓа на Националните листи на контролирани опојни дроги и психотропни супстанци и истата претставува стимуланс на централниот нервен систем. Утврдено дека истата предизвикува појава на срцеви и мозочни удари, поради што медикаментите коишто содржат сибутрамин се забранети за продажба од страна на ЕУ од 2010 година. Медикаментите Силденафил Цитат Упс (виагра) пак претставува супстанца која влегува во состав на медикаменти за лекување и истата подлежи на контролирана продажба, наведуваат од Царинската управа.

Случајот е преземен од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, а против правното лице ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.са/

Фото: Царинска управа

 

 

Остани поврзан