• понеделник, 23 декември 2024

Цане Мирков дарувал крв 75 пати, благодарници за крводарители доделени во Кавадарци

Цане Мирков дарувал крв 75 пати, благодарници за крводарители доделени во Кавадарци

Кавадарци, 19 март 2024 (МИА) - Цане Мирков дарувал крв 75 пати, благодарници за крводарители беа  доделени синоќа во Кавадарци, настанот го реализираше Општинската организација на Црвен крст од овој град. 

Претседателот на Црвен крст Кавадарци,  Димитар Каракулев, потсети дека годинава се одбележуваат 79 години од основањето на Црвениот крст на национално ниво. 

- Бележиме врвни резултати. На врвот сме по крводарување во државата, минатата година бевме најдобри по проекти изработени од млади, за промоција на хумани вредности, нагласи Каракулев, споменувајќи дека организираат и нега во домашни услови за стари и изнемоштени лица. 

Млади волонтери прочитаа свои литературни творби, а пред присутните се обрати и Перо Николов, советник во Советот на Општината. На сите крводарители, тој им упати честитки и им порача да продолжат, покажувајќи ја хуманоста и солидарноста. свд/вг/


Фото : МИА 

Остани поврзан