• понеделник, 23 декември 2024

Хутите го поздравија иранскиот напад врз Израел

Хутите го поздравија иранскиот напад врз Израел

Каиро, 2 октомври 2024 (МИА) - Милицијата Хути во Јемен, поддржана од Иран, синоќа го пофали Техеран за истрелувањето балистички ракети кон Израел, тврдејќи дека операцијата погодила израелски воени цели, јави ДПА.

-Одвратувањето и соочувањето со ционистичкиот непријател е единствениот начин да се запре. Ја пофалуваме иранската операција која ги погоди воените цели на непријателот во окупирана Палестина и ја поздравуваме Исламската Република за нејзината поддршка за Палестина, напиша портпаролот на Хутите, Мохамед Абдул-Салам, на „X“.

Во исто време, милицијата во Јемен ја презеде одговорноста за понатамошни напади врз меѓународниот брод вчера користејќи беспилотни летала и проектили.

Милитантите рекоа дека нападите имаат за цел да го поддржат Хамас со тоа што ќе отежнат товарните бродови да стигнат до Израел.

Претходно Хутите соопштија дека извршиле напад со дрон врз воена цел во близина на Тел Авив во Израел.

Израелската војска претходно соопшти дека пресретнала дрон на десетици километри од брегот во пошироката област на Тел Авив. Нема информации за повредени или материјална штета.

Милицијата ја презеде одговорноста и за нападот врз градот Еилат во јужен Израел. Израелската армија не го коментираше ова тврдење.

Израел со десетици борбени авиони во неделата нападна објекти на, како што го нарече „терористички режим на Хутите“ на различни локации во Јемен, како одговор на нападите од Јемен. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан