• вторник, 05 ноември 2024

Хуманитарно прикажување на комедијата „Сомнително лице“ во Тетово

Хуманитарно прикажување на комедијата „Сомнително лице“ во Тетово

Тетово , 3 октомври 2024 (МИА) - „Играме за Дики“ е насловено хуманитарното прикажување на комедијата „Сомнително лице“ што ќе се одржи во среда 9 октомври (среда) во 20 часот во Центар за култура „Иљо Антески Смок“ – Тетово „Иљо Антески Смок“ во Тетово. Претставата ќе ја изведе тетовското драмско студио „Летечка театарска трупа“ ЛТТ.

Средствата од продажбата на влезниците се наменети за лекување Дијана Димчевска Наумоска која се бори против тешка болест.

Режисерот Зоран Јованоски вели дека ова е само мал придонес за огромните финансиски средства што се потребни за лекувањето.

-Досега се покажа дека Тетово знае како треба да дејствува во вакви околности. Тетовци се хумани. Мислам дека и овој пат ќе успееме да дадеме максимум од својата човечност. А не бараме премногу. Одвојте 200 денари за влезница и сите добиваме – публиката насмевка до уши и смеа до солзи, нашата Дики повеќе пари за лекување, а актерите се најсреќни кога се на сцена“, вели Јованоски.

 Влезниците се во продажба во Центарот за култура и во пицерија ФОРУМ.

-Бизнисмен од Тетово си купи 30 влезници за своите вработени што е навистина убав гест. Ги повикувам тетовските бизнисмени да го следат неговиот пример. Ќе има поставено и кутии за донации во самата сала во центарот за култура. Кој сака да си помине убава театарска вечер, нека побрза да си купи карти“, додава Јованоски.

Режисерот Јованоски вели дека се работи за преработка на Нушиќевата безвременска комедија „Сомнително лице“ која е така приспособена за од неа да можат да извлечат животна поука како младите, така и возрасната публика.

-Нашата преработка на „Сомнително лице“ треба да придонесе кон зајакнување како на традиционалните, така и на современите позитивни човекови вредности, мудро канализирани во младешката бунтовност, позитивни промени, следење на современите текови, почитување на веќе воспоставените вредности и осознавање нови“, вели Јованоски.ас/са

Фото: ЛТТ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан