Пожар на тераса над продажен објект во Велес, повредени нема
- Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 08:30 часот, на улица „Нада Бутникошарева“ во Велес, настанал пожар на тераса над продажен објект. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица
Велес,13 март 2026 (МИА) - Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 08:30 часот, на улица „Нада Бутникошарева“ во Велес, настанал пожар на тераса над продажен објект. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица, информираат денеска од СВР Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Екипа на Територијалната противпожарна единица Велес со едно противпожарно возило и шест пожарникари по пријавата за пожар на балкон над маркет кај Градскиот пазар во Велес, веднаш излегле на терен.По пристигнувањето за кратко време пожарот бил изгаснат од пожарникарите и било спречено истиот да се прошири.
Воедно апелираат до граѓаните во случај да забележат пожар да се јават на бесплатниот телефонски број 112 или 193.ад/
ФОТО МИА архива