• четврток, 02 април 2026

Во Градско 26 годишник физички ја нападнал сопругата а се вмешале неговиот и таткото на сопругата

Во Градско 26 годишник физички ја нападнал  сопругата а се вмешале неговиот и таткото на сопругата

Велес,13 март 2026 (МИА) - Полициски службеници вчера попладне привеле 26-годишник од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 20-годишна сопруга, по што дошле неговиот татко и таткото на неговата сопруга и настанала турканица меѓу нив.

Како што информираат денеска од СВР Велес, тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.ад/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан