Христовото раѓање најавено со Бадникова поворка во Кавадарци
Кавадарци, 6 јануари 2024 (МИА) - Со Бадникова поворка и пеење на песната „Вечниот Бог“, денеска беше најавено Христовото раѓање во Кавадарци. Поворката вообичаено тргна од црквата „Света Петка“, помина преку централното градско подрачје и стигна до градскиот плоштад.
Пред зградата на општината, децата со подароци ги пречека кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Свештено лице го пренесе благословот од митрополитот повардарски Агатангел, до сите во Повардарската епархија. Јавно упати благодарност до локалната самоуправа и општествено одговорни компании. Притоа потсети на централното прославување на празникот Божиќ, утре во светите храмови, каде што ќе се отслужи света божествена литургија. Упати покана до сите, да ги посетат верските храмови.
- Вечерва сите ќе прославуваат Бадник во своите семејства. Семејството е како мала црква, во која секој го наоѓа својот мир, порача свештеното лице на градскиот плоштад во Кавадарци. свд/нд/
Фото: МИА