• четврток, 08 јануари 2026

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште

Скопје,7 јануари 2026 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по добиена пријава на бројот за итни повици 112, поради врнежи од дожд повторно има свлечиште на патот кон Бањиче, тетовско.

- Се апелира до граѓаните да не патуваат на оваа делница додека не се стабилизира состојбата. Општинските екипи се на терен и ја следат ситуацијата, наведуваат од ЦУК. ев/

ФОТО: ЦУК

Остани поврзан