• петок, 22 ноември 2024

Хрватска електроиндустрија: Прекинот на снабдувањето со електрична енергија во Хрватска предизвика прекин во повеќе земји

Хрватска електроиндустрија: Прекинот на снабдувањето со електрична енергија во Хрватска предизвика прекин во повеќе земји

Зaгреб, 21 јуни 2024 (МИА) - Прекинот на снабдувањето со електрична енергија во делови на Република Хрватска предизвика меѓународен прекин што зафати повеќе земји, се вели во соопштението на Хрватската електроиндустрија (ХЕП).

Хрватскиот преносен систем оператор (ХОПС) врши анализа со системските оператори од соседните земји за да се утврди причината. За да го ублажи проблемот со меѓународниот прекин во снабдувањето со електрична енергија, Хрватска електростопанстви ги стави во целосна функција сите производствени капацитети за ХОПС да обезбеди што поскоро дистрибуција на електрична енергија за граѓаните на Хрватска, јавија хрватските медиуми.

Како што дознава Хина, досега никогаш немало дефект на електроенергетскиот систем преку три држави. Исто така, се дознава дека во моментов диспечерите интензивно разговараат меѓу себе, држава со држава, за да утврдат што се случило и да направат план за закрепнување, бидејќи ниту една држава не може да биде изолирана во однос на напојувањето, бидејќи сите се поврзани со далноводи.

Причината за прекинот не е позната. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан