• вторник, 16 април 2024

Хојзген: Конференцијата во Минхен даде надеж за посветла иднина

Хојзген: Конференцијата во Минхен даде надеж за посветла иднина

Минхен, 18 февруари 2024 (МИА) - Претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген, денеска на затворањето на собирот изјави дека во претходните два дена во Минхен се случиле бројни позитивни работи и дека има основа да се верува во посветла иднина.

„Ние во Европската унија знаеме дека има две минути до 12. Не можеме да си го дозволиме себеси тој луксуз повеќе да чекаме европската одбрана да се организира. Мораме да бидеме брзи. Што се однесува до Блискиот Исток, срцето ни е скршено од фотографиите на заложниците кои ги држи терористичката организација Хамас. Исто така, ужасно беше да се слушне новата бројка од 17.000 сирачиња во Газа. Има ли надеж? Видов надеж во нешто за што се залага и Минхен, а тоа е постигнување мир преку дијалог“, вели Хојзген.

Тој додаде дека дава надеж и средбата меѓу израелскиот претседател Исак Херцог и катарскиот премиер Мухамед бин Абдулрахман Бин Џасим Ал Тани. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан