• недела, 22 декември 2024

Хорнер: Со тврди гуми не можеме да се споредиме со Мекларен во однос на брзината

Хорнер: Со тврди гуми не можеме да се споредиме со Мекларен во однос на брзината

Сао Паоло, 1 ноември 2024 (МИА) - Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, призна дека еден од главните проблеми на светските шампиони во Формула 1 е заостанувањето зад Мекларен во користењето на тврдите пневматици на трките.

Во Мексико, најтврдите беа со ознавата „Ц3“, а во Сао Паоло тимовите ќе работат со истиот модел, но нивното абење се очекува да биде посериозно поради новиот асфалт на „Интерлагос“.

-Сега е правило Мекларен да ја има предноста да ги чува гумите во долга серија на кругови. Ова е важно прашање и треба да најдеме решение. Со тврдите гуми едноставно не можеме да се споредиме со Мекларен во однос на брзината. Во Мексико, Макс (Верстапен) немаше доволно стисок, не можевме да ги направиме гумите да работат. Нашиот главен проблем е да ја разбереме причината за ова. Во Бразил, патеката е сосема поинаква, но една работа е сигурна: на крајот од трката, болидите на Мекларен се многу силни, изјави шефот на Ред бул. дс

Фото: Архива

Остани поврзан