• петок, 26 април 2024

Холандскиот „Ермитаж“ ги прекина врските со рускиот матичен „Ермитаж“

Холандскиот „Ермитаж“ ги прекина врските со рускиот матичен „Ермитаж“
Амстердам, 4 март 2022 (МИА) - Музејот на уметност „Ермитаж Амстердам“ во Холандија, објави дека ги прекинува врските со својот матичен музеј, рускиот „Ермитаж“ во Санкт Петербург, по руската инвазија врз Украина. Во соопштението од музејот се објаснува дека веќе не е можно да се држи дистанца од политиката на Русија и рускиот претседател Владимир Путин. „Врската повеќе не е одржлива. Со инвазијата на Украина од страна на руската армија, линијата е премината“, објави вчера музејот. Во галеријата вообичаено се изложени уметнички богатства од светски познатиот музеј „Ермитаж“. Како што јави Хина, неодамна отворената руска изложба ќе остане затворена до следно известување.  си/ссм/

Остани поврзан