Холандската армија стрелаше врз дронови, кои надлетувале на военовоздухопловната база Фолкел
- Инцидентот се случи синоќа над базата Фолкел, што е лоцирана во близина на границата со Германија
Хаг, 22 ноември 2025 (МИА) – Холандската армија употреби оружје против беспилотни летала, што синоќа биле забележани над военовоздухопловната база Фолкел, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана.
Инцидентот се случи синоќа над базата Фолкел, што е лоцирана во близина на границата со Германија.
Холандската воена полиција почна истрага за инцидентот. ми/паг/
фото: МИА архива