Хипер: ЕУ го поздравува фактот што изборите во Косово минаа во мирна атмосфера
- Европската Унија го поздравува фактот што вчерашните парламентарни избори во Косово минаа во мирна атмосфера, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.

Брисел, 10 февруари 2025 (МИА) – Европската Унија го поздравува фактот што вчерашните парламентарни избори во Косово минаа во мирна атмосфера, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.
- Вчера, луѓето во Косово го дадоа својот глас на парламентарните избори. Го поздравуваме фактот што овие избори поминаа во мирна атмосфера, рече Хипер.
Таа потсети дека високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас испрати набљудувачка мисија за изборите во Косово, предводена од европратеничката Натали Лоазо, која ги следела состојбите на теренот.
- Оваа мисија е исто така доказ за силна посветеност на ЕУ кон Косово и неговите демократски процеси, рече Хипер, најавувајќи дека мониторинг мисијата утре на прес-конференција ќе ги соопшти своите согледувања за текот на косовските избори. сп/
Фото: МИА Архива