• четврток, 26 декември 2024

Хелсинки објави дека Турција донела одлука за прием на Финска во НАТО, ставот ќе биде објавен в петок

Хелсинки објави дека Турција донела одлука за прием на Финска во НАТО,   ставот ќе биде објавен в петок

Хелсинки, 15 март 2023 (МИА) -  Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган донесоа одлука за прием на Финска во НАТО, која официјално ќе биде објавена в петок за време на посетата на финскиот претседател, соопштено е денеска во Хелсинки.

„Турците се надеваа дека ќе бидам таму за да го слушнам нивниот одговор кога ќе ја соопштат својата одлука. Се разбира, јас ја прифатив поканата и ќе одам да ги добијам нивните искажани намери“, наведе финскиот претседател Саули Ниинисто во изјава.

Турскиот претседател, кој во моментов води кампања за реизбор, од минатата година го блокира пристапот на Финска и Шведска до Алијансата, а веќе утрово посочи дека позитивно ќе одговори на ветувањето дадено во Хелсинки дека земјата ќе влезе во Алијансата.

„Ние ќе го направиме нашиот дел, ќе го почитуваме ветувањето што го дадовме. Ќе се сретнеме со претседателот в петок и ќе го направиме она што го бара нашето ветување“, рече Ердоган.

Финска и Шведска заеднички аплицираа за влез во НАТО во мај 2022 година. зш/

Остани поврзан