• петок, 20 декември 2024

Хезболах им плаќа отштета на луѓето погодени од огнот со Израел долж либанско-израелската граница

Хезболах им плаќа отштета на луѓето погодени од огнот со Израел долж либанско-израелската граница

Бејрут, 28 ноември 2023 (МИА) - Либанското шиитско движење „Хезболах“ соопшти дека почнало да плаќа отштета на земјоделците и другите луѓе чиј имот е оштетен во судирите и огнот со Израел долж либанско-израелската граница, јави ДПА.

Изјава за тоа даде Хасан Фадлала, пратеник од блокот Хезболах во либанскиот парламент. Изјавата беше дадена на комеморацијата на борецот на Хезболах убиен во израелски оган.

Пратеникот рече дека претставници на Хезболах моментално ги обиколуваат селата и градовите долж линијата на фронтот за да ја проценат штетата.

Извор од Хезболах изјави за ДПА дека движењето почнало да им плаќа отштета на луѓето кои „го загубиле добитокот поради израелското гранатирање, кои изгубиле маслинови градини и чии куќи биле материјално оштетени, главно во областите лоцирани во близина на границата на Либан со Израел“.

Движењето Хезболах, поддржано од Иран, изгради систем на здравствени и социјални услуги насочени првенствено кон неговите поддржувачи.

Од почетокот на војната меѓу палестинското исламистичко движење Хамас и Израел во октомври, има чести престрелки меѓу борците на Хезболах и Израел долж либанско-израелската граница. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан