• понеделник, 23 декември 2024

Харис: Нема да бидат донесени одлуки на вечерашниот самит на лидерите на ЕУ

Харис: Нема да бидат донесени одлуки на вечерашниот самит на лидерите на ЕУ

Брисел, 17 јуни 2024 (МИА) - Ирскиот премиер Сајмон Харис попладнево изјави дека на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ, на кој ќе се разговара за распределбата на функциите во европските институции, нема да бидат донесени одлуки и изрази надеж дека тие ќе бидат донесени на крајот на месецот.

Харис, по пристигнувањето на состанокот во Брисел, за новинарите изјави дека факт е дека актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е водечки кандидат на партијата која освои најмногу мандати на изборите за Европскиот парламент, што се одржаа од 6 до 9 јуни.

„Нашите разговори ќе започнат вечерва. Вечерва нема да бидат донесени одлуки, тие одлуки ќе бидат донесени, се надевам, на крајот на овој месец“, рече Харис. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан