• среда, 24 април 2024

Харадинај: Премиерот мора да ги информира граѓаните во врска со дијалогот

Харадинај: Премиерот мора да ги информира граѓаните во врска со дијалогот

Приштина, 14 октомври 2022 (МИА)  Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер Рамуш Харадинај побара од премиерот Албин Курти поголема транспарентност во врска со процесот на преговорите со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Коментирајќи ја вчерашната изјава на Курти дека новинарка го следела „по ниви“ во Гњилане за да го праша за средбата со специјалниот пратеник на ЕУ за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак, Харадинај порача дека премиерот треба да известува во Собранието, „а не новинарите да го гонат на трактор“.

- Треба да даде објаснувања премиерот за дијалогот. Значи, премиерот најдобро е да ги даде во Парламентот, а не новинарите да го гонат со трактор. Да му се каже на Косово што е работата со документите. Те еден француско-германски документ, те документ од некој друг... Должен е претседaтелот на Владата да му каже на својот Парламент како стојат работите, изјави Харадинај во негoвото денешно обраќање на собраниската седница.

Премиерот, рече Харадинај, не треба да ги објави сензитивните документи, но мора да ги информира граѓаните во врска со дијалогот. иа/паг/

Остани поврзан