• недела, 22 декември 2024

Харадинај: Наместо дијалог за признавање, Косово сега води дијалог за Заедница на српски општини

Харадинај: Наместо дијалог за признавање, Косово сега води дијалог за Заедница на српски општини

Приштина, 21 септември 2023 (МИА) – Поранешната министерка за надворешни работи на Косово, Мелиза Харадинај изјави дека Владата на Косово направила грешки во однос на дијалогот со Србија, така што наместо дијалог во чиј центар ќе биде меѓусебното признавање, сега има дијалог за Заедницата на општини со српско мнозинство во центарот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за КТВ, Харадинај рече дека актуелното косовско раководство направило „грешка во чекори“ и ја довело ситуацијата да изгледа - и да се злоупотребува од Србија како таква - дека Косово наводно да ги нарушува правата на Србите од северот, што според неа не е вистина.

- Косово никогаш досега не било во потешка геополитичка ситуација поради новите околности предизвикани од последните случувања на северот на државата. Направена е грешка во чекори што доведе до ситуација Косово од дијалог во чиј центар ќе биде меѓусебното признавање, да има дијалог за Заедницата во центарот. Србија е во дијалог само за Заедницата, а Косово би морало да инсистира да се дефинираат граничните точки, рече Харадинај. иа/ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан