• недела, 21 јули 2024

Хамнеи помилува и ги ублажи казните на 2.827 осуденици, од кои 53 осудени на смрт

Хамнеи помилува и ги ублажи казните на 2.827 осуденици, од кои 53 осудени на смрт

Техеран, 7 февруари 2024 (МИА) - Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска го одобри барањето на судството за помилување или ублажување на казните на повеќе од 2.800 осуденици, вклучително и 53 лица осудени на смрт.

Хамнеи ја донесе одлуката во пресрет на Курбан Бајрам и по повод 45-годишнината од Исламската револуција.

Помилувањето се однесува на вкупно 2.827 осуденици, а судството соопшти дека се помилувани 53 лица осудени на смрт и дека сега нивните казни се променети во затворски казни, пренесе иранската новинска агенција ИРНА. паг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан