• петок, 15 ноември 2024

Врховниот суд во Бангладеш парцијално го повлече контроверзниот систем за вработување во Владата

Врховниот суд во Бангладеш парцијално го повлече контроверзниот систем за вработување во Владата

Дака, 21 јули 2024 (МИА) - Врховниот суд во Бангладеш денеска парцијално го повлече контроверзниот систем за селекција на кандидати за работни места во Владата, што претставува делумна победа на учесниците во насилните студентски протести низ целата земја, во кои загинаа десетици луѓе.

Студентите, незадоволни од недостигот на фер услови за вработување, побараа укинување на системот на квоти со кој 30 отсто од работните места во јавниот сектор се резервирани за роднините на ветераните кои се бореле во војната за независност во Бангладеш во 1971 година.

По масовните студентски протести, Владата на Бангладеш го укина системот на квоти во 2018 година, но во јуни оваа година, Врховниот суд на Бангладеш повторно воведе квоти, што предизвика нов бран протести. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан