• сабота, 04 јануари 2025

Хамнеи: Американските бази во Сирија „ќе бидат прегазени под нозете на сириската младина“ 

Хамнеи: Американските бази во Сирија „ќе бидат прегазени под нозете на сириската младина“ 

Техеран, 2 јануари 2025 (МИА) - Иранскиот Врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, вчера изјави дека американските бази во Сирија ќе бидат „згазени под нозете на сириската младина“. 

Денеска САД континуирано градат бази во Сирија. Овие бази несомнено ќе бидат прегазени под нозете на сириската младина“, рече Хамнеи на платформата X. 

Американскиот портал „ Њусвик“ (Newsweek) оценува дека ова предупредување потенцијално може да ги влоши односите меѓу Иран и САД пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, потсетувајќи дека односите меѓу двете земји за време на неговиот прв мандат веќе беа спорни. 

Во серија објави на платформата X, Хамнеи го критикуваше американското присуство во Сирија откако бунтовниците на почетокот на декември го соборија поранешниот претседател на земјата Башар ал-Асад и неговиот режим. 

„Иран Интернешенл“ пишува дека Хамнеи од средината на декември почна да ги охрабрува младите од Сирија „да се спротивстават на наследниците на Асад и да си ја повратат земјата“. 

Американските бази во Сирија се проширија пред падот на режимот на Асад, бидејќи присуството на американски војници во Дамаск двојно се зголеми, на 2.000, изјави претходно портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик Рајдер. 

Кога американските војници првпат влегоа во Сирија во 2015 година за да се борат против терористичката група Исламска држава, тие броеја 900 војници.сд/ 

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан