• вторник, 22 април 2025

Хамас соопшти дека изгубил контакт со групата што го држела последниот американски заложник во Газа

Хамас соопшти дека изгубил контакт со групата што го држела последниот американски заложник во Газа

Газа, 15 април 2025 (МИА) – Бригадите Изад-Дин ал-Касам, вооруженото крило на палестинското исламистичко движење Хамас, денеска соопшти дека го „изгубиле контактот“ со групата која го држела израелско-американскиот заложник Идн Александар.

- Изгубивме контакт со групата што го држи војникот Идн Александар по бомбашки напад чија цел беше нејзината локација и продолжуваме да се обидуваме да контактираме со нив, рече портпаролот на групата, Абу Обеида, во изјава објавена на Телеграм.

Портпаролот на Хамас вчера изјави дека Израел побарал враќање на израелско-американскиот заложник Идн Александар „како знак на добра волја“ на првиот ден од влегувањето во сила на новиот договор за прекин на огнот. Тој е единствениот жив заложник со американско државјанство кој сè уште го држи палестинската исламистичка група, која во саботата објави видео од него. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан