• среда, 15 мај 2024

Хамас: Преговорите за прекин на огнот одржани во Каиро беа позитивни и добри

Хамас: Преговорите за прекин на огнот одржани во Каиро беа позитивни и добри

Газа, 10 февруари 2024 (МИА) - Официјален претставник на Хамас изјави дека разговорите за прекин на огнот одржани во Египет биле „позитивни и добри“, пренесува Ал Џезира.

Преговорите за нов прекин на огнот во Газа и размена на заробеници водени се со египетски и катарски посредници.

„Делегацијата го напушти Каиро синоќа и го чека одговорот на Израел“, изјави претставник на Хамас за новинската агенција АФП кој побарал да не биде именуван бидејќи не е овластен да зборува за ова прашање, пренесува Ал Џезира. ссм/

фото: архива

Остани поврзан