• четврток, 16 мај 2024

Хамас: Израелските тенкови „принудени да се повлечат“

Хамас: Израелските тенкови „принудени да се повлечат“

Газа, 30 октомври 2023 (МИА) - Израелските тенкови кои се приближуваа до предградијата на градот Газа сега се повлекоа, тврди Салама Маруф, шеф на владината канцеларија на Хамас во Газа, jaви Ал Џезира.

„Апсолутно нема напредок во станбените области на Појасот Газа. Она што се случи на улицата Салах ал-Дин беше упад на неколку тенкови на окупаторската војска и булдожер“, се вели во соопштението на Маруф.

„Овие возила гаѓаа два цивилни автомобили на улицата Салах ал-Дин и ја уништија улицата со булдожер пред отпорот да ги принуди да се повлечат. Во моментов на патот Салах ал-Дин нема возила на окупаторската армија, а движењето на граѓаните по патот е нормализирано“, се тврди во соопштението. ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан