• недела, 22 декември 2024

Резервите на нафта во САД се намалиле многу повеќе од очекуваното, намалена е и инфлацијата

Резервите на нафта во САД се намалиле многу повеќе од очекуваното, намалена е и инфлацијата

Вашингтон, 15 мај 2024 (МИА) - Резервите на нафта, бензин и други нафтени деривати во САД се намалиле многу повеќе од очекуваното во неделата заклучно 10 мај, соопштија денеска од Агенцијата за информација во енергетиката (ЕИА).

Во меѓувреме, најновиот извешаj за инфлацијата е поповолен од очекуваното што предизвика раст на акциите на главните берзи на Волстрит.

Резервите на нафта се намалиле за 2.5 милиони барели до 457 милиони барели, соопштија од ЕИА.

Резервите на бензин се намалиле за 235,000 барели до 227.8 милиони барели, а резервите на деривати се намалиле за 45,000 барели до 116.4 милиони барел.

Аналитичарите очекуваа резервите на нафта да се намалат за 543,000 додека резервите на бензин да се зголемат за 537,000 барели, а на деривати до 824.000 барели, се вели во најновиот извештај на ЕИА.

Во меѓувреме, берзите во САД се во подем денеска откако клучниот показател за инфлацијата се покажа послаб од очекувањата, засилувајќи ги надежите за намалување на каматните стапки во 2024 година од страна на Федералните резерви.

Потрошувачките цени во САД во април пораснале само за 0.3 отсто, соопшти денеска Министерството за труд, додека аналитичарите очекуваа раст од 0.4 отсто. кб/

Остани поврзан