• сабота, 22 март 2025

Хамас го обвини Вашингтон дека ја искривува реалноста за случувањата во Појасот Газа

Хамас го обвини Вашингтон дека ја искривува реалноста за случувањата во Појасот Газа

Газа, 22 март 2025 (МИА) - Хамас ги обвини САД дека ја искривуваат реалноста со своите тврдења дека палестинската група „избрала војна“ откако прекинот на огнот пропадна во вторникот по масовното израелско бомбардирање на Појасот Газа, проследено со офанзива на израелските копнени сили, пренесува БТА.

- Тврдењето дека Хамас избра војна наместо да ги ослободи заложниците е искривување на фактите. Палестинскиот отпор понуди јасни иницијативи за прекин на огнот и сеопфатна размена на затвореници, соопшти исламистичката група, обвинувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ги „отфрла овие иницијативи“ и „намерно ги саботира заради свои политички интереси“.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан