• среда, 10 јули 2024

Хамас: Во израелските напади во северниот дел на Газа загинаа 110 луѓе

Хамас: Во израелските напади во северниот дел на Газа загинаа 110 луѓе

Појас Газа, 18 декември 2023 (МИА) - Министерството за здравство на Хамас во Појасот Газа денеска соопшти дека 110 Палестинци се убиени од синоќа во израелските напади врз Џабалија, на северот на палестинската енклава.

Министерството за здравство соопшти дека во ударите загинале 50 „маченици во куќите на Џабалија“, со што од вчера во тој град загинале вкупно 110 лица.

Според последниот биланс на Министерството, објавен во петокот, од почетокот на војната со Израел на 7 октомври во Газа загинале 18.800 луѓе. паг/

Фото: МИА архива


  
 

 

Остани поврзан