• вторник, 21 јануари 2025

Началникот на израелскиот Генералштаб поднесе оставка поради нападите на 7 октомври

Началникот на израелскиот Генералштаб поднесе оставка поради нападите на 7 октомври

Тел Авив, 21 јануари 2025 (МИА) - Началникот на израелскиот Генералштаб Херзи Халеви поднесе оставка, наведувајќи ги неуспесите на израелската војска во врска со терористичките напади на 7 октомври предводени од Хамас, соопшти денеска воен портпарол.

Оставката на Халеви ќе стапи во сила на 6 март, рече портпаролот, пренесе ДПА.

Чекорот дојде „во време кога израелската војска постигна значајни достигнувања и е во процес на спроведување на договорот за ослободување на нашите заложници“, рече Халеви во изјава.

Неколку израелски воени претставници поднесоа оставка откако 1.200 луѓе беа убиени од палестински милитанти во јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

Околу 250 луѓе беа киднапирани во Појасот Газа во нападите без преседан, кои го наведоа Израел да почне војна на палестинската територија.

Многу Израелци го обвинија премиерот Бенјамин Нетанјаху дека не преземал лична одговорност за политичкиот и воениот неуспех на 7 октомври. јт/

Остани поврзан