• недела, 22 декември 2024

Хагари: Израелските сили во состојба на висока готовност по убиството на вториот човек на Хамас во Бејрут

Хагари: Израелските сили во состојба на висока готовност по убиството на вториот човек на Хамас во Бејрут

Ерусалим, 3 јануари 2024 (МИА) - Израелската армија денеска е во состојба на подготвеност за „секое можно сценарио“, еден ден по нападот во предградието на Бејрут во кој беше убиен вториот човек на палестинското движење Хамас, јавија француските медиуми, повикувајќи се на официјални извори.

-Израелските сили се во состојба на многу висока подготвеност... за одбрана и за напад. Ние сме целосно подготвени за секое сценарио. Најважно е да кажеме дека сме фокусирани и остануваме фокусирани на борбата против Хамас, изјави портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.

Високиот функционер на Хамас, Салех ал-Арури, вчера беше убиен во Бејрут, потврдија Хамас и Хезболах.

Либанската државна агенција јави дека Арури и уште три лица загинале во експлозија предизвикана од израелско беспилотно летало.

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, го осуди „кршењето на суверенитетот на Либан“ и „проширувањето на војната“ што се води во Појасот Газа.

-Движењето чии водачи и основачи паднаа како маченици за достоинството на нашиот народ никогаш нема да биде поразено, рече Ханија во синоќешното телевизиско обраќање.

Арури, како еден од основачите на военото крило на Хамас, ја предводеше оваа милитантна групата на Западниот Брег. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан